(Видео) Општина Бутел ќе биде на посебен пиедестал во Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашниот голем собир на граѓани во Бутел истакна дека Општина Бутел и нејзините интереси ќе бидат поставени на посебен пиедестал во идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

При своето обраќање претседателот Мицкоски ги повика сите граѓани масовно да излезат на 15 јули и да го заокружат бројот 14 поточно да заокружат за иднината на Македонија онаква каква што сакаат да биде затоа што можеби ќе нема шанса за поправен овој пат. Тој потенцираше дека ова не се обични избори, ова не се избори помеѓу политички партии, ова се избори на визија, на стратегија која што треба да обедини Македонци, Турци, Албанци, Власи, Бошњаци односно буквално сите да ги обедини против они кои ја пљачкосуваат и ја направија Република Македонија држава на криминалци, држава полна со корупција.

-Многумина од вас беа брутално избркани од работа затоа што биле поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум за таа мака бидејќи таа е наша заедничка судбина и мака. Но, сите ние треба да се обединиме и да застанеме еден до друг. Ние сме се обединувале многупати во историјата до сега и сме победувале многу побројни и многу моќен противник од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.Кога јас требав на мојот народ, на мојата држава тогаш бев одлучен и храбар и се спротиставив на предизвикот затоа што верував во она што беше големо, а тоа беше сонот за онаа Македонија кава што сакаме да биде, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе дојдат политичките противници во Бутел и ќе зборуваат дека можат, но не направија ништо.

-Можеа да направат горда и достоинствена држава, можеа ако навистина работеа и Гугл и Фејсбук и оној гигант во автомобилската индустрија да го донесат, можеа навистина да донесат 30 000 плата. Можеа во овие три години да направат достоинствен живот за пензионерите. Можеа ветената поликлиника овде во Бутел барем да ја почнат, ако ништо повеќе. Можеа да ги вратат оние деца кои сакаа да ги претстават како жртва на претходната влада, па така безсрамно редеа обувки пред Владата. Можеа да постигнат многу работи, но за жал не успееја, потсети тој.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This