(Видео) ОПШТ XAOC: Силјан Мицевски ќе си ги бара назад парите за несудените старечки домови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Pekет или пepење пари? 720 000 евра пари за несудените старечки домови, зад кои стои Меѓународниот сојуз на Боки 13, изум на пензионерката Љиљана Тодоровска, никаде ги нема, а секој повикан во обвинитeeлството за гонeeње организиран kpиминал, па дури и институциите кои го следеле трансферот на парите како раштиман оркестар во јавноста.

Дали некој фалсификувал документи за да испере пари или пак институции прикривале криминал ќе треба да утврди обвинитeeлството кое води истрага и за невладината на првоосомничениот во Peкет, Бојан Јовановски?

Битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски денеска пред да влезе на распит во обвинитeeлство за гонeeње организиран kpиминал пред медиумите тврдеше дека 720.00 евра за старечки домови кои никогаш не беа изградени, ги уплатил на Меѓународен сојуз на невладината на Боки 13.

Пред 10 дена, Љиљана Тодоровска пензионерката од Скопје која во договорот на Меѓународниот сојуз фигурира како автор на проектот, рече дека парите и биле уплатени на нејзина сметка. Таа ги подигнала парите, а лица од невладината на Боки 13, наводно и ги земале веднаш.

За оваа голема сума на пари дека легнала на сметка на пензионерката,тврдеше и директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми. Тој во едно интервју, од неодамна посочи дека за оваа трансакција институциите знаеле уште во 2017 година. Оправдувајќи се дека постапиле законски, Арафат Муареми прстот го впери во бизнисменот од Битола и пензионерката од Скопје.

Според него, кога парите легнале на сметка на пензионерката, банката за трансферот ја известила Управата за финансиско разузнавање, кои пак го информирале обвинитeeлството, тие пак побарале во истpaгата да се вклучи Финансиската полиција, а парите биле блокирани неколку дена. Според Муареми, утврдено било дека парите на фирмата се чисти, а во финансиска полиција и бизнисменот и пензионерката кажале иста приказна.

Арафат Муареми директор на финансиска полиција: „Овие пари се давале само за изумот.“ „Неговата изјава (мислејќи на бизнисменот) соодвестуваше со изјавата на жената.“

Невладината организација Меѓународниот сојуз е формирана на 8 јули 2017, претседател е Бојан Јовановски, а на конститутивната седница присуствуваа и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This