(Видео) Орбан – Унгарија cилнo го поддржува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и би сакале да ги видиме како победници на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани наши македонски пријатели, Ве поздравувам од Будимпешта.

Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори.

Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани.

Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели.

Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт. Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината.

Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја членка на Европската Унија.

Интегрален текст од соопштението на Виктор Орбан:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This