(Видео) Откако видел дека невестата е машко, се рaзвeл по два дена..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индонезиските медиуми објавија бизарен случај на 31-годишен маж кој се оженил со жена што ја запознал на интернет, но само два дена по свадбата, дознал дека таа всушност е маж.

Мажот по име Мух, ја запознал својата идна сопруга Миту пред неколку месеци преку Фејсбук. Откако започнале романтична врска, тие решиле да се сретнат и во реалниот живот.

Тие отишле на кафе, а 31-годишниот тврди дека ништо не му било сомнително. Вели дека таа изгледала убаво, поради што тој веднаш се заљубил во неа, пренесува Oddity Central. Мух останал буден цела ноќ заради неа и по неколкунеделна врска, решил да ја побара за жена, на што веднаш се согласила.

Минатиот месец, Мух го известил своето семејство за плановите и ја посетил куќата на Мита кај неговите родители да даде мираз како и обично – 20 милиони индонезиски рупии (1.200 евра).

Утрото на 2 јуни, Мух и Мита отишле да се венчаат. Иако 25-годишната жена го покрила лицето за свадбата, не изгледала сомнителна ,затоа што превезот на лицето на невестата е дел од традицијата. На нивната свадба биле верски лидери од целиот регион, никој од нив не се сомневал во полот на невестата.

Работите тргнале лошо кога Мух сакал да ја помине првата брачна ноќ, а неговата млада сопруга го одбила. Но, кога тоа се случи повторно во наредните денови, тој почна да се сомнева дека нешто не е во ред.

Откако поминала третата вечер без акција, Мух започнал истрага и се шокирал кога дознал дека таа всушност е маж. Не е јасно како точно дознал дека неговата сопруга е маж, но кога дошол дома да се соочи со неа, таа веќе исчезнала.

Полн со бес, го известил семејството дека веднаш се разведува. Тој, го пријавил случајот во полиција и ја обвини Мита за измама.

Полицијата го открила 25-годишникот, чие име, се покажа, е Ади. Сè уште не е јасно каква казна го чека.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This