(Видео) Палевски: Заев ако е малку зрел како политичар и ако има барем малку добри советници ќе издејствува повторување на постапката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за барањето на Македонците од земјата и странство да се повтори судењето на уставобранителите, Љупчо Палевски, во денешното издание на „Тешки муабети“ упати апел до експертите од областа на правото, опозицијата и целата јавност да извршат притисок врз институциите и власта да го поддржат повторувањето на постапката во која ќе се разгледаат новите докази и изјави кои, како што беше откриено во претходните изданија на Тешки муабети, биле сокриени и не биле презентирани како докази. Палевски посочи и на повторувањето на постапката за случајот Монструм која беше повторена на Зоран Заев

„Ги повикувам сите релевантни правници, кривичари, мораат и дожни се за овој протест да имаат јавен и стручен став, дали ова е тероризам или не и дали овие докази кои и ги нудиме на јавноста имаат релеванстност, тежина за веднаш да се повтори постапката. Тоа значи дека ако на изјава на Заев на прес конференција, дека има сомнеж за убијците во Монструм, Врховниот суд да ја повтори постапката, без никаков доказ, само изјава на политичар, должна е државата, премиерот, претседателот, да ја испочитуваат војлата на овој народ кој се собра на 25 и судењето мора да се почне од почеток и луѓето да се бранат од слобода за да можат да ја подготват својата одбрана. Во спротивно, состојбата и целото општество ќе се конфронтира со системот со кој владее. Ако е малку зрел како политичар и ако има малку од малку добри советници, најдобро е за сите, и за нас што протестираме, и за тие што се во затвор и за тој што владее, овој процес да почне од почеток и да добиеме правда која е неопходна“, апелираше Палевски.

Палевски го посочи и ставот на  претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој во своето гостување на Канал 5 изјави дека уставобранителите не се терористи дека поддржува повторување на постапката и го повика и премиерот јавно да го изрази својот став по ова прашање.

Емисијата Тешки муабети во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This