(Видео) Палевски: Заев на Kонгресот си направи дисциплинирана вojckа за спроведување на коалициониот договор со ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на емисијата Тешки муабети на Ифомакс, Љупчо Палевски ги коментираше одлуките на денешниот конгрес на СДСМ на кој беше избрано ново раководство. Новите партиски функционери се исто така и владини функционери, кои се на значајни функции во повеќе сегменти на власта, што значи дека Заев си ја зајакнува власта, режимот и репресиајта.

„95% членови на Централниот одбор се некакви владини служебници, од системот, што значи дека Заев си ја зајакнува власта, си го зајакнува режимот, си ја зајакнува репресијата. Тоа се луѓе кои зависат исклучиво од системот, таму се вработени, таму се реализираа. Тоа значи дека сите политички одлуки ќе будат буквално на телефон нарачани и спроведени. Нема шанса на било каква внатрепартиска демократија. Значи Заев по секоја цена да чува власт. Тоа е логично, доколку се сетиме дека Заев потпиша коалициски договор со кој ДУИ во четвртата година од мандатот на владата добива премиер. После 30 години ДУИ ќе си има премиер и нема шанси тој договор да се растури или да не се реализира“, посочи ПАлевски

Палевски додаде дека ДУИ сега го има Заев во рака, и тоа написмено, и дека тие ќе го добијат премиескотo место што им било ветено.

„Поради тој коалициски договор, Заев мора да подготви Централен одбор, дисциплиниран, во целост од државен апарат, што значи зависи од премиерот за да можат тави немакедонски политики, коалиции, состави на влада да проаѓаат. Затоа се направи овој Конгрес, за да се направи една војска што ќе го спроведе ветеното, закон за државјанство, попис, повторно прекројување на единиците за локална самоуправа, двостепена локана самоупрарава. Затоа е потребно војската на Заев да биде што подисциплинирана“, појасни Палевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This