(Видео) Палевски: Купувањето на ГАМА е првиот чекор, истата подоцна ќе се продаде како бонбона бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија се случува една апсурдна ситуација каде во исто време се приватизира и национализира истакна Милош Милошевски во подкастот „Тешки муабети“ на Инфомакс. Заев најави приватизација на голем број државни компании за да се подобри нивното работење, но и да се соберат средства во буџетот кои се неопходни во време на криза, додаде тој. Во исто време се чека на Собранието да помине купопродажбата на акциите на Макпетрол во „Гама“ посочува Милошевски.

Оваа купопродажба тежи 32.7 милиони евра за 47 проценти од акциите во компанијата, додека сметководствената вредност на компанијата е проценета на околу 36 милиони евра.

Национализација на ГАМА, но тоа е првиот чекор за приватизација на ГАМА и нејзино отуѓување. На Андреја Јосифовски е газда на Макпетрол, не само што Заев дава многу пари што и онака е нешто на државата, туку се работи за провизии, и на крајот ќе биде продаден на некој гигант – едната можност е Хеленик петролеум а другиот е Газпром, вели Палевски.

Финансиските резултати на Заев се поразителни истакнува Палевски, Гама е само почеток, ќе има корупција многу. Ова е еден вид веридба за свадбата која што доаѓа.

Палевски во емисијата го спомена името кое добро познато за македонската јавност, името на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во зделката за Гама.

-Тој ја продаде својата компанија на Грчкото електростопанство, и сево ова е договорено во Давос, затоа е Кочо играчот кој ќе ги сервисира заедно со неговиот брат кои поседуваат еден куп фирми. Кочо се плетка во сите енергетски зделки, вели Палевски.

Изминатите недела една од најинтересните теми беше цензурата на интервјуто на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на телевизија Телма. Информациите на Инфомакс говорат дека за цензурата токму најзаслужен е Адреа Јосифовски кој е мнозински акционер во Макпетрол, фирма пак во чија 100 процентна сопственост е телевизија Телма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This