(Видео) Палевски: Осамостојувањето на Косово е планирано повеќе од 70 години, Мaкедонија може да биде колатерална штeтa на спopoт меѓу Приштина и Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Тешки муабети, Љупчо Палевски, го коментираше спорот со Србија и Косово, во кој, како што смета Палевски, како колатерална штета може да биде и Македонија, со оглед на тоа дека делиме граница.

„За спорот меѓу Србија и Косово веќе 20 години нема политичко решение. А кога нема политичко решение, се пристапува кон контролиран конфликт. Мене ме плаши ние да не бидеме колатерална штета на тој контролиран конфликт. Евентуалната поделба на Косово ќе биде меѓународно призната затоа што ќе биде реализирана под меѓународно покровителство. Од поделбата на Косово стравува еден дел од Европа поради злоупотреба на тој контролиран конфликт за дополнително растурање на ваквата Европа, што ќе влијае и на Балканот“, посочи Палевски.

Палевски истакна дека одделувањето на Косово од Србија е планирано пред повеќе од 70 години, а дека покрај Косово, како самостојна држава ќе се оддвои и Војводина. Тој открива дека за регионот се предвидени повеќе повикувачки броеви отколку што има држави на Балканот што значи дека се работи за детален сеопфатен план кoј полека си доаѓа на место.

„Некој водел ред уште од АВНОЈ и АСНОМ, 1945 година за геополитичката мапа на Балканот“, изјави Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This