(Видео) Палевски: Cpaмота е да доаѓа Европска унија и да ни решава ромско прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Тешки муабети на Инфомакс, Љупчо Палевски Палчо ја коментираше состојбата на Ромите во Македонија кои живеат во субнормални услови и се борат за егзистенција. Дури и оние малкуина што успеале да се стекнат со високо образование, власта ги искористува како бројка за исполнување на европски стандарди.

„Веќе долг период Ромите се надвор од општеството, и веќе тоа ескалира. Предолго е ова, и мора ромското прашање во оваа држава да се реши. Срамота е да доаѓа Европска унија и да ни решава ромско прашање во Република Македонија“, апелираше Палевски.

За потсетување, неодамна имаше сериозен инцидент каде Ром беше брутално претепанна сред улица и заврши со тешки повреди во болница. Ова не е ниту прв, ниту единствен ваков инцидент во земјата.

Емисијата Тешки Муабети можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This