(Видео) Пандов: И 76 години по пopaзот на фaшизмoт ние во Македонија сме повторно зapoбeна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов, претседател на Патриот институт на ВМРО-ДПМНЕ одржа говор на настанот организиран во Могила по повод Денот на победата над фашизмот на кој со едноминутен молк им се оддаде почит на сите кои своите животи ги дале за слободна Македонија.

За жал Македонија во својата многувековна историја на многупати досега била поробувана, но за среќа, мајка Македонија раѓала синови кои секогаш ја ослободувале, рече Александар Пандов.

Според Пандов жално е што 76 години по поразот на фашизмот на 9-ти мај 1945, ние во Македонија сме повторно заробена држава, чиј премиер потпиша штетни, предавнички и понижувачки договори со соседите, па и со Бугарија.

„Поради договорот со Бугарија, сега Македонија има блокиран европски пат и е условена со пишување на „заедничка историја” што ќе си дозволам како историчар да ви го преведам би значело: бришење од корен на нас Македонците! Жално е и што во 21 век, во 2021 година во Македонија имаме политички осуденици низ македонските затвори, како што се уставобранителите! Во оваа прилика со еден силен аплауз да го поздравиме вашиот сограѓанец Јане Ченто, но и сите останати уставобранители”, рече Пандов.

Пандов посочи дека на претстојните локални избори треба да се стави крај на владеењето на оваа ненародна власт. Тој повика народот да се обедини, да ги надмине разликите и под водство на претседателот Христијан Мицкоски силно да се порази Заев и СДСМ на локалните избори.

„Тоа треба да биде почеток на крајот на оваа тоталитарната, корумпирана и неспособна власт”, заклучи Пандов.

Целото обраќање на Александар Пандов можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This