(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода за уcтавобранителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на “Неделен брифинг” на Инфомакс порача дека секој граѓанин без разлика на вера и националност треба да се разбуди и во недела на 25-ти да дојде пред Владата и да му порача на Зоран Заев дека уставобранителите не се терористи дека тие се патриоти.

-Треба секој еден од нас да разбере дека само физичкото присуство е највредно. Секој еден треба кој е самосвесен кој е против ова зло сега што се случува, без разлика на вера и националност дека треба на 25-ти во недела да излезе и јасно и гласно да му кажеме на Заев какво е нашето видување на нештата. Дали патриотите се терористи или терористи се оние во Собранието, рече Пандов.

Тој посочи дека основата на сите неправди подоцна почнува со осудените уставобранители од 27-ми. И тоа мора да се смени.

-Да постои апатија и разочараност кај луѓето меѓутоа искрено и во тој дел чувствувам една нова македонска пролет. И повторно се буди надежта кај народот. Секој еден од нас треба да се разбуди и да се присети дека во Македонија само пред пет години не беа вака работите. Имавме инвестиции, се градеше се работеше. Затоа повторувам, во недела помасовно да се собереме пред Владата и енергијата да ја преточиме во синергија. И со срце и љубов да побараме правда и слобода за уставобранителите и патриотите, истакна Пандов.

Гостувањето на Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вонредното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This