April 19, 2024, 11:26 am

(Видео) Париз e peчиcи пycт пo вoвeдyвaњeтo нa cтpoгитe пpeдпpaзнични мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Целосно изгубив чувство за времето и не сфатив дека е толку доцна. Одам дома”, рече 40-годишен жител на Париз Жун, кој бил во областа Опера непосредно пред полицискиот час.

Наместо вообичаената гужва во трговскиот кварт, излозите се темни, а луѓето биле ретки на улиците и повеќето се упатувале кон метро-станицата, пишува Ројтерс за почетокот на полицискиот час во Париз.

Вторникот им донесе нови слободи на граѓаните во Франција затоа што престана наредбата да останат дома, што значело дека тие можат да одат на шопинг, да вежбаат или друго, но е воведен ноќен полициски час од 20 до 6 часот наутро, за време на кој луѓето можат да излезат само на работа, односно официјално или од медицински причини.

Секој што ќе го прекрши полицискиот час плаќа казна од 135 евра.

Официјалните лица предупредија дека строго ќе ги применуваат новите правила, а министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин вчеравечер се придружи на полициската патрола во Ивелин, западно од Париз, за да провери дали луѓето се придржуваат до мерката.

Стапките на инфекција со коронавирус во Франција паднаа од врвот на вториот бран минатиот месец, но научниците предупредуваат на ризик од трет бран на инфекција ако луѓето не се придржуваат до мерките за време на Божиќните и новогодишните празници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This