(Видео) Пендаровски на Фopyмoт зa гeнepaциcкa eднaквocт: Haшa oбвpcкa e дa oвoзмoжимe ycлoви зa жeнитe и дeвojкитe caмocтojнo дa нocaт oдлyки зa cвoeтo тeлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на Форумот за генерациска еднаквост, посветен на унапредување на родовата еднаквост, што се одржува во Париз. Претседателот Пендаровски се обрати на панелот на тема „Телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права”, при што ги претстави националните заложби на Северна Македонија на овој план.

Mи претставува чест да се обратам на овој Форум за генерациска еднаквост, како важен глобален собир за унапредување на родовата еднаквост меѓу мажите и жените, и клучен момент за преземање обврски од страна на државите во таа насока.

Унапредувањето на човековите права, вклучително и правата на жените е предуслов за развојот на секое општество втемелено врз демократски принципи. Мојата земја е поддржувач на прогресивните политики за родова правда и затоа заложбите и обврските во однос на „Телесната автономија, сексуалното и репродуктивно здравје и права”, беа едногласно прифатени.

Прво, Северна Македонија се обврзува до 2026 година да го зголеми сеопфатното сексуално образование, согласно меѓународните стандарди на Обединетите Нации и во таа насока се подготвени тригодишен Акциски план со пилот-проекти и наставна програма за ученици од 13 до 15 годишна возраст.

Второ, наша заложба е да го зголемиме опфатот на контрацепцијата од 14% на 20%, преку подобрување на пристапот на девојките и жените до советодавните услуги за планирање на семејството, и пристапот до абортус како основно право на жените.

Трето, се обврзуваме до 2026 година да го редуцираме бројот на детските бракови на тој начин што ќе ги оспособуваме девојчињата, адолесцентите и жените да носат автономни одлуки за своите тела и во таа насока ќе ги усвоиме неопходните законски измени и конкретни политики.

Четврто, зголемена поддршка на автономните феминистички и женски организации. 

Паралелно со институционалните решенија, не помалку важна е промената на менталитетот кај граѓаните, на колективната свест за родовата правда, преку елиминирање на табуата што се врзуваат за овие сензитивни прашања. Наша обврска е да покажеме политичка волја и преку континуирани, заеднички активности да овозможиме услови за еманципирање на жените и девојките на глобално ниво.

Почитувани,

За овие прашања не смее да се прават компромиси и да се дозволи каков било вид на дискриминација. Жените и девојките мора да бидат во позиција самостојно да носат одлуки за своето тело, базирани на знаења и информации.

Дозволете да посочам дека Северна Македонија е една од првите земји која ги усвои заложбите на Меѓународната конференција за население и развој презентирани на самитот во Најроби. Настојуваме во националните програми и буџети за сексуално и репродуктивно здравје да бидат земени во предвид потребите на најранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги и ЛГБТИ лицата, Ромите, лицата со попреченост, сиромашните, сексуалните работници.

Нашата држава од ноември 2020 година е партнер во Акциската коалиција за сексуално и репродуктивно здравје и права и преку претставници од ресорните министерства во Владата активно учествува во активностите на оваа Коалиција.

Во духот на националното мото на Француската Република – Liberté, égalité, fraternité, посакувам и верувам дека овие наши декларирани заложби, ќе бидат успешно остварени, и ќе претставуваат цивилизациска придобивка за идните генерации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This