(Видео) ПЕНДАРОВСКИ СЕ СРЕТНА СО МАТАРЕЛА: Европска интеграција за регионална стабилност и просперитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република С Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Италија. Во Рим, претседателот Пендаровски на официјална церемонија беше пречекан од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба, по што следуваше и пленарен состанок со официјалните делегации на Република С Македонија и Република Италија.

Претседателот Пендаровски на средбата се заблагодари за постојаната отворена поддршка на Италија за нашите стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО. Во оваа насока од италијанската страна го информираа претседателот Пендаровски дека е прифатена иницијативата на Република Италија за вонреден состанок на Советот за општи работи на Европската унија на којшто повторно ќе се отвори прашањето за почеток на преговорите со С Македонија и Албанија.

Притоа, претседателот Пендаровски додаде дека интегрирањето на С Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет. Во овој контекст претседателот Пендаровски подвлече дека С Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и не се прифатливи алтернативни модели за градење на односи на земјите од Западен Балкан со Унијата, различни од стандардите што ги поминаа сите членки во ЕУ како кандидати.

На средбата меѓу претседателите Пендаровски и Матарела се разговараше за билатералните односи меѓу С Македонија и Италија, при што се констатираше дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог којшто може да придонесе за зајакнување на трговската размена, соработка меѓу бизнисите и збогатување на економската соработка.

Истовремено, претседателот Пендаровски на средбата упати покана до претседателот Матарела за официјална посета на Република С Македонија следната година, покана којашто претседателот Матарела со задоволство ја прифати.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This