(Видео) Пендapoвски им кaжa „HE МEPCИ“ на Бугарите: Нe можe нeкoja Koмисија да кажува што сум jac по нaционaлност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Зоран Заев се обидуваше со слаткоречивост и со патетики да се умилкува кај бугарската страна, тврдејќи дека тој и бугарскиот премиер, Бојко Борисов се браќа, претседателот на Република Македонија имаше многу поконкретен став во однос на преговорите со Бугарија.

Според Пендаровски Гоце Делчев е Македонец кој барал да биде погребан во слободна Македонија, а за тоа македонската страна има и докази.

Тој истакна дека не може да се очекува некоја Комисија со политички декрет да го одредува идентитетот на цела една нација.

-Прашање до претседателот бидејќи рековте дека треба малку повеќе да се грижиме за нашите ставови, а не за ставовите на нашите соседи. Во таа насока да ве прашам кој е ставот на претседателот по прашањето на утврдување на идентитетот на Гоце Делчев, запраша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

-Значи Комисијата, тоа е една голема заблуда во која влегоа не само новинари туку и политичари од двете страни, и активни и поранешни итн. Работа на Комисијата составена од историчари не е да утврдува етничка припадност ничија, ни ваша ни моја, не па на Гоце Делчев. Бидејќи тоа е мој одговор на еден став јас мислам дека беше бугарскиот премиер или министерката за надворешни работи по кој инсистираа да се говори за историски факти, да не се лажирала историјата. Јас реков како одговор на таа теза и јас се залагам за утврдување на факти. Ако некаде во некој документ во тој тогашен историски контекст, Гоце Делчев се има изјаснето како Бугарин сигурно има документи кои ние ги имаме во посед, а ги имаат и тие според кои Гоце Делчев целиот свој живот се борел за македонска држава, и на крај оставил аманет неговите коски да почиваат во главниот град на слободна Македонија. Значи тоа е тезата, не очекувам понатаму Комисијата да се бави со утврдување на етничката припадност на луѓе кои живееле пред 100-тина години, затоа што тоа ниту една Комисија нема обрска да го прави ниту денес. Твое мое, наше лично чувство е да се изјасниме како сакаме. Не некоја Комисија да ми кажува со политички декрет дека ја сум едно друго или трето, вели Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This