(Видео) Пилoт cpyши пет Гиниcови рeкoрди за 43 секунди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарио Коста, италијанскиот пилот на воздухопловниот тим на „Ред Бул“, постави пет Гинисови рекорди кога со својот авион леташе низ два тунела во близината на Истанбул.

Тој леташе вкупно 2,26 километра низ двата тунела и разви максимална брзина од 245 километри на час, што е Гинисов рекорд. Во Книгата на рекордите се запиша и како прв пилот што полета со авион од тунел за автомобили.

Летот од 1.610 метри во вториот тунел е светски рекорд како најдолг лет под покрив. Летот низ тунелите Т1 и Т2 траеше 43,44 секунди. Тој леташе на висина од 70 сантиметри меѓу неговиот авион и патот.

Италијанскиот пилот има повеќе од 20 години искуство во акробациски летови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This