April 19, 2024, 10:51 pm

(Видео) ПИНО ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ БИЛ ЛОЦИРАН ВО БЛИЗИНА НА АРАЧИНОВО: Мајката на исчезнатиот Пино со детали за „Инфомакс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот со исчезнувањето на дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе речиси три месеци ја бранува македонската јавност. Поради незадоволството од одноносот на институциите, а пред се односот на МВР, неговата мајка Маја Трпковска веќе трет пат протестира пред Собранието и апелира на поголема ажурност на и институциите.

Во разговор со нас, неговата мајка ни раскажа некој од деталите за случајот и што е многу сомнително начинот на кој што се менувале инспекторите и надлежните за овој случај. Последниот инспектор кој го водеше случајот замина во пензија, а претходно уште еден инспектор и еден началник биле надлежни за случајот. Мајката на Пино е најзадоволна од началникот кој го водел случајот кој според неа бил нај посветен на пронаоѓањето на Пино, но по определен период поради непознати причини се откажал од случајот и повеќе не одговорал на повиците на Трпковска.

Според изјавата на неговата мајка, Пино заминал да се види со својата девојка по што мистериозно исчезнал, последната фотографија од неговото возило е од Ѓорче, а неговите телефони за последен пат биле лоцирани во близина на Арачиново.

Маја Трпковска се заблагодари до јавноста и граѓаните кои и даваат безрезервна поддршка во овие тешки моменти со кои таа се соочува.

Мајката на исчезнатиот Пино со детали за „Инфомакс“

Мајката на исчезнатиот Пино со детали за „Инфомакс“

Posted by infomax.mk on Saturday, March 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This