(Видео) Пиjaн Турчин исчeзнал па со часови се барал самиот себе заедно со пoлициjата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бејхан Мутлу (50), кој се сметаше за исчезнат во Турција, случајно ѝ се придружил на потрагата по самиот себе. Тој со часови заедно со полицијата и со своите пријатели се барал себеси пред да сфати дека, всушност, го бараат него, пишуваат турските медиуми.

„Со часови се бараше себеси, претпоставувајќи дека потрагата е поради некој друг“, пишуваат медиумите.

Според извештајот на локалните медиуми, Бејхан излегол на пијачка со своите пријатели, па во еден момент заталкал во блиската шума и не се вратил. Загрижени за него, неговите пријатели ги алармирале властите кои потоа организирале потрага.

Кога Бејхун го прогласиле за исчезнат, властите тргнале по него во околните населби, а на мисијата ѝ се приклучила и група волонтери. Со часови го извикувале неговото име, кога одеднаш се огласил човекот којшто го бараат.

– Кого бараме? Јас сум тука – рекол Бејхун, кој бил под дејство на алкохол.

Не е јасно како Бејхан се нашол во оваа потрага ниту како неговите пријатели не сфатиле дека тој цело време им бил пред носот. Полицијата во полициско возило го спровела до неговата куќа.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This