(Видео) Пожарите бecнеат низ Сибир: Стотици села покриени со густ чад, опустошени 3,9 милиони хектари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Густ чад прекрива стотици сибирски села поради пожарите што се уште беснеат во овој регион на Русија богат со шуми. Претставници на брзата помош во регионот Иркутск во југоисточен Сибир денеска изјавија дека чадот од шумските пожари на северот и во соседната Република Саха, исто така познат како Јакутија, се проширил на 736 села и девет градови, пренесува АП.

Во регионот Краснојарск западно од Иркутск, локалните власти денеска потврдиле дека 944 населени места се прекриени со чад од пожарот во Јакутија, 75 повеќе од претходниот ден.

Според официјалните податоци на надлежните руски служби, од утрово имало 169 активни пожари, кои зафатиле 3,9 милиони хектари во Јакутија, огромен регион во североисточниот дел на Сибир, што најмногу настрадал од пожарите оваа година.

Локалните власти денеска евакуирале 39 жители на едно село во Јакутија, бидејќи пожарот бил на само 3 километри од куќите.

За годинашното влошување на ситуацијата со шумските пожари, експертите ја обвинуваат одлуката од 2007 година за распуштање на федералната авијациска мрежа за откривање и гаснење пожари.

Имотот на оваа служба за извидување на пожарите му е доделен на регионалните власти, што било критикувано од многумина, кои тврделе дека способноста на властите за брзо откривање и задушување на шумските пожари ќе биде значително намалена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This