ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција.

Се вршат патроли, се проверува секое возило кое ќе помине во овој дел, јавува репортерот на ТВ21.

Јанкулоска, пак, преку „Фејсбук“ порача дека таа е дома со семејството и нема намера да бега.Екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која Врховниот суд вчера донесе одлука дека жалбата е одбиена, и дека мора да оди во затвор за случајот „Тенк“, се огласи преку својот профил на „Фејсбук“. Таа истакна дека никаде не бега, дека се наоѓа дома, и дека нема потреба од спектакли и опсада во зградата во која живее. Таа објави и фотографија на која се гледа полициско возило пред нејзината зграда.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството.“, напиша Јанкулоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This