(Видео) Поплaвите во Германија предизвикаа штета од 26 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штетата предизвикана од катастрофалните поплави во јули во Германија веројатно ќе достигне 26 милијарди евра, изјави денес кандидатот за канцелар на конзервативците Армин Лашет.
Според првичните проценки, само во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија вкупната штета се качува на над 13 милијарди евра“, кажа претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на таа покраина, која ја погодија незапаметени поплави.

Во Рајнската област-Пфалц, сојузната покраина која најтешко настрада, „се очекува сличен, ако не и поголем износ на помошта“, додаде на вонредната седница на покраинскиот парламент на Северна Рајна-Вестфалија.

Разорните поплави кои на 14 и 15 јули го погодија западот на Германија однесоа најмалку 190 животи.

Во Северна Рајна-Вестфалија се оштетени повеќе од 150 училишта и 200 градинки, бројни лекарски ординации и 50 аптеки, кажа Лашет опишувајќи ги размерите на најголемата природна катастрофа која ја погодила таа држава од формирањето на Западна Германија по Втората светска војна.

Лашет кажа дека погодените можат да сметаат на солидарноста на останатите Германци, додека шеснаесетте сојузни покраини и сојузната влада подготвуваат сеопфатен план за помош во обновата на настраданите региони.

„Работиме на план за обнова кој се мери во милијарди“ евра, кажа кандидатот за наследник на канцеларката Ангела Меркел. „Сите покраини се спремни да придонесат“, за да се соберат тие 20 до 30 милијарди евра, изјави тој.

Конзервативците водат во анкетите пред парламентарните избори на 26 септември на кои ќе се бира наследник или наследничка на Ангела Меркел, која ќе се повлече по шеснаесет години канцеларска должност.

ЦДУ е на мета на критики поради начинот на справување со катастрофалните поплави кои, покрај човечките жртви, предизвика огромна штета, однесе куќи и уништи цели општини.

Германија сака да извлече поука од оваа трагедија и размислува како да го усоврши системот за тревога на природни непогоди, со испраќање смс-пораки за предупредување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This