(Видео) Последниот аплауз за Венко Филипче: Министерот за здравство поднесе оcтaвка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, под притисок на јавноста поднесе оставка од министерската функција. Оставката следува по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животите трагично ги загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и две цивилни лица.

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, пред годинаипол го регистриравме првиот ковид случај во нашата земја, го паметам тој ден, имавме две прес конференции, од оваа иста говорница. Од тој ден до денес, секогаш, пред граѓаните стоев отворено и траспарентно, соопштувајќи ги сите и добри, и лоши вести. Никогаш не бегав од критка, никогаш не остана должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победме пандемијата. Сите одлуки, кои ги донесовме, беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувтсвувам со нивните семејства, Нема зборови што можат да го опишат ниту начин да се надоемсти загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа денеска од морални причини понудив писмена оставка до премиерот, истакна Филипче на прес-конференцијата во Владата

Основното јавно обвинителство во Тетово, во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, како што беше соопштени, презема неопходни мерки и активности за проверка на евентуални пропусти од страна на одговорните лица во однос на почитување на прописите заштита при работа, а меѓу другото, и на прописите од областа на противпожарната заштита. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности ќе отвори предмет по допрен глас за проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава.

Според информациите кои досега беа споделени со јавноста, постоеле низа неправилности уште пред пуштање на модуларната болница во употреба.

Модуларната болница во Тетово е пуштена во употреба без технички прием. Сите модуларни болници низ земјава се изградени врз однос на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање. Ова го потврди и Министерството за здравство, кое во соопштение информираше дека откако изведувачот ги поставувал модуларните контејнери се вршело само примопревадање на истите.

„Примипредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот“, соопшти министерството.

Раководителот на Ковид центарот во Тетово пак потврдува дека пред примопредавањето имало повеќе проблеми со објектот.

Вчера пак, МЗ тврдеше дека модуларните болници низ земјава се пуштени во употреба по направен уреден технички прием.

Корисникот на социјалната мрежа Твитер, „Даре Џамбасти“ кој се претставува како познавач на градежни материјали и нивната квалификација кога станува збор за пожари истакна дека во изградбата на модуларната болница во Тетово биле користени високо запаливи материјали кои се вон сите стандарди за ваков тип на објект.

Типот на материјал се препознава преку црниот чад и огнените капки кои се карактеристични за полиуретански панели кои се од категорија Б2 и Б3 „фитиљ“ во услови на пожар. Ваквите панели според него горат и ништо не може да ги угасне.

„Да се обидам најкратко што можам за вчерашниот пожар.. не дека повикан, туку во браншата ми е. Постои нешто што се вика класификација на запаливост на материјали. А1 -незапаливи, А2-за нијанса позапалив, Б1-за упте една нијанса, Б2-Б3 – фитиљ. Црн дим, огнени капки е полиуретански панел од категорија Б2 или Б3. Полиуретанот PUR е инаку комбинација од полиол и изоцијанат или познато во секојдневието како Пурпена-дериват на нафта (?)* да се провери. Како и да е, гори и ништо живо не го гаси додека не изгори. Пример:“, појаснува тој.

Од видеото од безбедносните камери од тетовската модуларна болница, кое денес беше објавено на Инфомакс се гледаат првите моменти од катастрофата која ја затекна модуларната болница во Тетово. Од видеото може да се забележи дека речиси целата модуларна болница е зафатена од пламени јазици во рок од 3 минути. Она што е забележливо е густиот црн чад кој сам по себе е отровен за секој што ќе го вдише и особено е штетен за пациенти со сериозни белодробни нарушувања предизвикани од коронавирусот. Густиот црн чад упатува на тоа дека во модуларните болници е користен полиуретан дериват на нафта за изолација. Станува збор за најлоша квалификација на изолација во случај на пожар – буквално фитиљ
Во однос на присуството на цивилни лица во ковид центар каде што посетите се строго забранети, лицата кои биле присутни сведочат дека биле таму за да се грижат за своите блиски поради недостиг на медицински работници.

Според сведоштвото на татко на ковид пациент кој настрада во пожарот, тој шест дена бил со својот син во модуларната болница и се грижел за него, бидејќи, како што изјавува, клиниката немала доволно персонал.

„За тие кои викаат дека бараката имала противпожарен систем, тие се големи лаги. Баравме апарати за гасење на пожарот и тоа го немаше.Модуларната болница беше само една пластична барака со стиропор кој помагаше да се прошири пожарот со голема брзина. Сите пациенти што беа внатре ги видов со мои очи како вриштат..“, вели таткото.

Дека немало доволно персонал, сведочат и други лица кои исто така се грижеле за своите блиски кои биле пациенти во модуларната болница во Тетово. Tие таму минувале денови и ноќи помагајќи на секој што можат, не затоа што здравствениот кадар не сакал, туку, како што сведочат тие, едноставно не можел да се справи со напливот од новозаразени со потешка клиничка слика.

„Алармот ми беше наместен на два часа. Имаше ноќи кога бев сама, во соба со неколку пациенти, на кои им јас им бев и медицинска сестра, и болничар и доктор. Менував катетри, ставав кислород, викав доктори кога некој умираше, само за да потврдат смрт. Го доживеав дното на животот, а својот родител не го спасив“.

Вака, за „А1он“, сведочи лице чиј најблизок бил хоспитализиран во тетовската болница поради Ковид-19, а еден месец, таа буквално живеела во тетовската болница како придружба на својот родител, кој ја губел битката со смртоносниот вирус.

Знаејќи го се ова, оставка е најмалку што можеше да направи министерот за здравство, Венко Филипче, бидејќи моралната одговорност не е нешто што се утврдува при истрага. И не само морална, министерот треба да сноси и кривична одговорност. Не изведувачот на градежните работи, не докторите, ниту пак сестрите и болничарите, затоа што министерот Филипче го потпишал договорот за изградба на модуларните болници со високо запалливи материјали и без минимум стандарди за бебедно функционирање.

Дополнително, доколку и во другите модуларни болници се користел истиот материјал сите до една треба да бидат веднаш ставени под клуч, а за пациентите да се најде друго решение за болничко сместување.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This