(Видео) Прва царска венчавка во Русија: Наследникот на Романови се ожени со Италијанка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот војвода Џорџ Михајлович Романов (40) и неговата една година помлада избраничка Италијанката Ребека Вирџинија Бетини се венчаа во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург во присуство на 20 династии од целиот свет.

На церемонијата присуствуваа 1.500 гости, меѓу кои кралицата Софија од Шпанија, принцот Рудолф и принцезата Тилсим од Лихтенштајн, како и поранешна бугарска кралска двојка.

Венчаницата на невестата го имаше грбот на Руската империја.

На листата на гости се најдоа и Константин Малофејев, милијардер близок до Кремљ, како и портпаролот на руската министерка за надворешни работи, Марија Захарова.

Пред свадбата, Романов рече дека двојката одлучила да размени завети во Санкт Петербург, бидејќи тоа било првото место во земјата каде што членовите на семејството се вратиле во раните 90-ти.

Инаку, големиот војвода Романов е роден во Мадрид и е син на големата војвотка Марија Владимировна Романова, самопрогласената наследничка на рускиот империјален престол.

Таа е и внука на големиот војвода Кирил, братучед на последниот руски цар Николај II Романов, кој беше погубен заедно со неговата сопруга Александра и нивните пет деца во 1918 година.

Да потсетиме, последната кралска венчавка во Русија беше онаа на царот Николај II и Александра пред 127 години. По егзекуциите, тие беа погребани на место што советските власти го криеја долго време. Нивните тела, заедно со телата на децата, беа пренесени во катедралата Петар и Павле во Санкт Петербург во 1998 година.

Семејството е прогласено за свети маченици од Православната црква.

Големиот војвода Џорџ Михајлович Романов, кој дипломирал на Оксфорд, го поминал поголемиот дел од својот живот во Франција.

Тој се сретна со Италијанката Ребека Вирџинија Бетини во Брисел, каде што работеше за Европскиот парламент.

Поради сегавеќе нејзиниот сопруг, таа минатата година се преобрати во православна вера и го доби новото име – Викторија Романова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This