(Видео) Премиерот Димитриев му изрази сочувство на Нетанјаху за смртта на Шимон Перес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија  Емил Димитриев денеска во Ерусалим заедно со голем број светски лидери и функционери присуствуваше на државната меморијална церемонија и државен погреб на деветтиот претседател на Израел, Шимон Перес.

Македонскиот премиер лично му изрази сочувство на израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху за смртта на Шимон Перес. Ваквиот чин е израз на високо пријателство меѓу Македонија и Израел и на обострана почит меѓу двете земји и двата народи.

Македонија со Израел има соработка на многу теми и во 2008-ма годијна има потпишано билатерална декларација за зајакнување на соработка во областа на безбедноста, договор кој е сличен на Декларацијата што Република Македонија ја потпиша со САД. Истата година Израел ги укина визите за македонските граѓани.

Во 2015 при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потпишана беше Декларација за пријателство која е од стратегиско значење. Нетанјаху тогаш истакна дека двете држави имаат заедничко пријателство кое треба да се искористи за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе полиња.

gruevski-netanjahu-03

– Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави. Има многу области каде што можеме да работиме, енергетиката, земјоделството, науката, образованието, технологијата, и областа на одбраната како и заедничката борба против тероризмот. Ние го цениме ова пријателство и ова партнерство – изјави премиерот на Израел, Нетанјаху на заедничката прес-конференција со Груевски.

Македонија и Израел како две пријателски земји имаат соработка во областа на економијата, земјоделството, иновации и технолошки развој и многу други сфери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This