April 18, 2024, 12:45 pm

(Видео) Пренџов: Власта работи на сила, фолира дека одржува пленарна седница, а повторно нема мнозинство во собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Пренџов денес од собраниската говорница ја критикуваше лошата координација помеѓу собраниските комисии кои се закажуваат по неколку во исто време со пленарната и тоа во последен момент без претходна најава.

„Во интерес на јавноста е тоа дека горе имаме денес закажано четири седници. Четири седници ни ги закажаа вчера за денес, и тоа деловнички, има право. Исто така, има право и Комисијата да закаже од вчера за денес седница на Комисија за политички систем. Но истовремено треба да видиме што е во денешниов ден приоритет. Дали е приоритет пленарната седница или е приоритет да имаме комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците. Според она кое што јас сум го студирал и сум го учел, и според праксата секаде во светот, ако во денот има закажано и пленарна седница и комисија на работни тела, секогаш се дава предност на пленарната седница“, коментираше Пренџов додавајќи дека извештајот за јавното обвинителство од пред десет месеци воопшто не е приоритет токму денес.

Пренџов револтиран од хаотичното работење, праша како тој може да ги оствари своите права како пратеник, кој се пријавил да зборува на пленарната седница, кога во исто време е закажана и комисија.

„Јас сум пријавен да зборувам сега горе и ви поставувам прашање, каде да зборувам, горе на пленарна, каде што сум пријавен сабајле во 11, или да зборувам сега на комисија? И ако имам четири реплики, што јас треба да откажам во текот на денот бидејќи на владеачкото мнозинство баш денес и на сила му текнало да имаме комисија.“, реагираше Пренџов.

Пренџов посочи дека власта нема кворум, и дека тоа не е само празно тврдење на опозицијата, со оглед на тоа дека веќе цел месец собранието нема одржано пленарна седница, а и дека денешната, иако е закажана, нема услови да се одржи.

„Велите декаа опозицијата сакала да каже дека нема кворум ова собрание, дека повеќе немате мнозинство. Па не ви го кажува тоа опозицијата. Јавноста треба да знае дека повеќе од месец дена сме немале пленарна седница, и дека денес повторно се фолира денес пленарна седница, повторно немате 61 пратеник во собранието. Така што ве молам не ја дезинформирајте јавноста“, порача Пренџов.

Пренџов побара комисиската седницата да биде одложена се додека не се создадат услови за нејзино одржување односно да биде присутен и подносителот на извештајот, бидејќи се работи за период кој е од огромен интерес за јавноста поради турбулентниот период за обвинителството опфатен во извештајот кој се однесува на 2019 година.

„Не знам како не ви смета што не е тука господинот Јовески. Барам да биде тој и барам да биде пауза или нова седница додека не биде присутен тој. Се барам по закон, принципиелно. Колеги од власта, сакате да ги терате работите на сила. На сила не може да се тераат работи. Вие знаете дека денес нема да разговараме за тоа и повторно на сила продолжувате. На сила не може“, порача Пренџов и повика на разумност и принципиелност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This