April 18, 2024, 11:15 am

(Видео) Пренџов: Пocлe 16 години, cтaвивмe Hapoдeн пpaвoбpaнитeл кoj штo бeшe шпиц кaндидaт зa пpeмиep пoвтopнo oд peдoвитe нa ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница во Собранието, пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, коментираше во однос на Народниот правобранител.

Пренџов истакна дека после 16 години cтaвивмe Hapoдeн пpaвoбpaнитeл кoj штo бeшe шпиц кaндидaт зa пpeмиep пoвтopнo oд peдoвитe нa ДУИ.

– „Ние треба да ја разгледаме институција Народен правобранител, да веруваме во Народниот правобранител, и притоа кога ќе ве праша некој, кој беше до вчера народен правобранител.. „епа до вчера во последните 16 години беше Народен правобранител тој што беше министер од редовите на ДУИ“, и така 16 години и едните и другите зборувавме дека имаме независен Народен правобранител кој „се грижеше за сите нас“, и оние кои што се, и оние кои што не се во политика. И после 16 години, ставивме Народен правобранител кој што беше шпица кандидат за премиер, повторно од редовите на ДУИ“. – истакна Пренџов.

– „Ја почитувам личноста на Насер Зибери, но кога се работи за Народен правобранител ние не можеме да зборуваме за извештај на чисто политичко лице кое што води институција која што треба да застане позади сите нас неутрално. Е тоа е дрскоста и ароганцијата почитувани колеги од мнозинството кое што вие ја минувате. За вас е нормално да одите во вашите средини во кои што живеете и да зборувате дека перцепцијата за корупција, за криминал, за судство, обвинителство ја подобруваме, итаме за Европска Унија.. и го ставаме господинот Насер Зибери за Народен правобранител.. „ПСЕ-ЈО“, шпица кандидат на ДУИ за премиер. Вас ви е нормално да зборуваме за право и правна држава, а во Уставен суд да ја гураме почитуваната Стојанка Ивановска од Собрание… не е нормално тоа“. – додаде Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This