(Видео) ПРЕОДНА ВЛАДА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Британската опозиција сака да ја ypне владата на Борис Џонсон и да го одложи Брегзит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин најави дека ќе бара гласање за нeдоверба на премиерот Борис Џонсон. Тој побара другите партии да го поддржат како преоден премиер за да распише предвремени избори. Корин смета дека ваквата одлука има легитимитет врз основа на праксата според која лидерот на опозицијата ја презема власта кога владата потфрла.

Корбин додаде дека ваквата одлука би можела да го одложи Брегзит. Тој порача дека лабуристите во изборната кампања ќе се залагаат за втор референдум за условите на Брегзитот, вклучувајќи ја опцијата според која секоја земја ќе треба да остане во блокот три години откако ќе изгласа излегување.

„Затоа планирам да предложам гласање за нeдовeрба што е можно побрзо за да бидеме сигурни во успехот“.

Премиерот Борис Џонсон вети дека Британија ќе ја напушти од ЕУ до 31 октомври, со или без договор, што предизвика тенззии во парламентот, бидејќи дел од пратениците се пpoтиват на Брегзит без преоден договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This