(Видео) Претседателот Пендаровски и претседателот Радев во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на РепубликаМакедонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев денеска во базиликата „Санта Марија Маџоре” во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј.

Претседателите Пендаровски и Радев положија свежо цвеќе пред спомен плочите во базиликата „Санта Марија Маџоре” и заеднички оддадоа почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Двајцата претседатели по завршувањето на церемонијата изјавија дека заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим придонесува за јакнење на добрососедските односи и меѓусебната доверба на двете држави и двата народа.

„Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, има политичари кои можат да зборуваат со европски јазик кога зборуваат за нашите актуелни проблеми и предизвици, и се разбира, за нашата иднина. Во колегата Радев овие два дена најдов еден соговорник со кој можеме да разговараме на ист јазик, не зборувам тука за македонскиот и за бугарскиот јазик, зборувам за европскиот јазик, кој единствено може да донесе подобра, посреќна иднина за нашите две држави и за нашите два народи”, изјави претседателот Пендаровски, кој рече дека напредок е возможен само ако во дијалогот двете држави влегуваат еднакви.

Денеска претпладне, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Претседателот Пендаровски престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, а во Рим отпатува со државниот авион на Република Бугарија, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This