(Видео) Пронајдена огромна средновековна црква за која не постојат никакви записи дека некогаш постоела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во срцето на Шумадија, археолозите пронајдоа монументален објект поголем дури и од Гражаница, за кој се претпоставува дека е средновековна црква и дека припаѓа на семејството Немањиќ.

Археолозите го пронајдоа овој монументален објект на локалитетот Дворина, близу Аранѓеловац, додека трагаа по оcтатоците од куќата на последниот српски деспот, Павле Бакиќ.

На тоа место е пронајден тесаник со остатоци од фрескоживопис, па на археолозите им било јасно дека таму има црква, пренесува Б92.

„Тоа е средновековна црква долга 27 метри и широка 14 метри, украсена со слики од големи мајстори, што ја прави една од најголемите во таа ера, но неверојатно е што нема никакви записи дека некогаш постоела“, изјави за локалната новинска агенција РИНА, Аранѓеловац Владан Миливојевиќ кустос во Националниот музеј.

Објект од вакви димензии, вели тој, може да биде само кралски, па засега се претпоставува дека му припаѓа на семејството Немањиќ и дека е изградена во средината на 14 век од Цар Душан во времето на најголемиот подем на неговото владеење.

Според Миливојевиќ, таа била изградена во српско-византиски стил, но нејзиното постоење сè уште е обвиткано во тајност, а врз основа на некои пронајдени остатоци, се верува дека оваа црква била седиште на епископијата во Белград во 14 век.

Според него, црквата има предворје кое е изградено заедно со бродот кој бил насликан, додека самото предворје не е насликано.

„Затоа се претпоставува дека нешто се случило во меѓувреме, можеби дури и cмртта на Цар Душан, што значително ја менува историјата, но и понатамошната иднина на оваа црква. За време на истражувањето, тука пронајдовме голем број фрагменти од фрески, кои сега се наоѓаат во музејот, а зачувани се најдобрите и најголемите парчиња “, вели Миливојевиќ.

Тој проценува дека има многу непознати факти што ќе бидат откриени со идните истражувања.

„Откриени се масивни надгpoбни споменици, кои сведочат дека екстремно богатото население живеело тука за време на средниот век, а на нас е да откриеме кој живеел во оваа област во тоа време“, додаде Миливојевиќ.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This