(Видео) Протест во Бардовци пpoтив изградбата на Центарот за странци

Поврзано

- Advertisement -
Жителите на село Бардовци денеска во 18 часот излегоа на протест против изградбата на Центар за странци. Ова е втор протест на локалното население. Како што изјавија, протестот ќе продолжи и утре и во петок во истото време. Тие се против изградба на било како центар за смесување на странци во селото. „Ние сме на улица затоа што сме против изградба на Стационар за странци. Ние нема да се повлечеме, ќе диме до крај. Сакаме да престане изградбата на Стационарот за странци затоа што е преблиску до нашите куќи и нашите имоти“, изјави за Инфомакс жител на селото. Тој додаде дека доколку надлежните не се согласат на средба, жителите на Бардовци ќе продолжат да ги користат сите демократски средста и правни начини што им се на располагање, ќе го блокираат патот за да не можат да поминуваат градежните машини.. Според таблата поставена на местото на изградбата, се работи за проект финансиран од ЕУ од 1,5 милиони евра, преку ИПА 2016 програмата „Миграции и азил, гранично управување и борба против тероризмот и организираниот криминал“. Проектот започна во 2017 година, кога се шпекулираше дека се работи за Центар за мигранти, но власта во повеќе наврати демантираше појаснувајќи дека се работи за нов објект во рамките на веќе постоечкиот Прифатен центар во Гази Баба бидејќи објектот кој во моментот е во употреба не ги задоволува стандардите за намената. Министерот за внатрешни работи Спасовски и градоначалникот Шилегов тогаш изјавија дека нема да се градат мигрантски кампови на територијата на Скопје. Изградбата на проектот беше објавена и во Службен весник. Имено во Службениот Весник пишува, „Изработка на државна урбанистичка планска документација за прифатен центар за странци за потребите на Сектор за гранични работи и мирации при Министерството за внатрешни работи на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци’’.
Сепак, ден денес никој од власта ја нема демантирано објавата во службен весник. Експерт за миграции, Златко Николоски неодамна за ТВ Алфа изјави дека причината за револтот кај граѓаните е информирањето и транспарентноста -Причината за револтот кој што се појавува кај граѓаните јас ја гледам кај информирањето и транспарентноста, навременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. Жителите се пожалија баш на тоа. Ако им се објасни на луѓето за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми, изјави Николоски.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This