(Видео) ПУТИН ВО АКЦИЈА: Со подморница истражуваше остатоци од потопена подморница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница ( батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците од друга потопена подморница, јавија руските медиуми.

Тој со стручњаците ја разгледа потопената подморница ССЦЦ-308 што потонала во Втората светска војна, пренесоа неколку руски медиуми.

Еден нуркач постави комеморативна плоча на остатоците од подморницата и на тој начин им одаде почит на 40-те членови на екипажот што пoгина во октомври 1942 година.

-Го правам ова затоа што нашите луѓе работат насекаде – во воздух, под вода и под земја, рече Путин по обиколката на подморницата, што траеше околу 1,5 час, наведуваат руските емдиуми.

Путин кажа дека можел да ја види потопената подморница од сите страни и сакал подобро да го разбере работењето на оние кои секојдневно ги рескирале своите животи

Ова не беше прво патување со подморница на рускиот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This