(Видео) ПЧЕНИЧНА ТРЕВА КАКО ДЕКОРАЦИЈА ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ: Еве како да ја засадите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пченичната трева е одлична за декорација за велигденските празници. Но, дали знаете дека поседува многу лeкoвити својства и може да се користи за подготовка на смути и сок? Без paзликaта за која намена сакате да ја засадите, одберете еден од понудените начини и следете ги дополнителните совети за успешно засадување на пченична трева.

ПРВ НАЧИН НА ЗАСАДУВАЊЕ НА ПЧЕНИЦА СО ЗЕМЈА
Зрната пченица ставете ги во сад со вода. Потоа, оставете ги преку ноќ за да набабрат. Наредниот ден, во плиток сад ставете земја. Врз земјата се редат зрната пченица и се ппикпиваат со малку земја. Притоа, важно е земјата секојднвено да се прска со вода на собна температура.

ВТОР НАЧИН НА ЗАСАДУВАЊЕ НА ПЧЕНИЧНА ТРЕВА
Друг начин на кој може да засадите пченична трева е следниот. Во плиток сад ставете малку земја. Потоа распоредете ги зрната пченица. Важно е да ставите поголема количина на зрна за да добиете густа трева. Зрната пченица испрскајте ги со вода. Садот со зрната покријте го со најлонска фолија за да ја чува влагата. Штом забележите дека зрната се суви, отстранете ја најлонската фолија и повторно испрскајте ги со вода. Садот затворете го со фолијата. Постапката повторете ја додека тревата достигне до фолијата. По два дена треба да ги забележите првите никулци. За 7 до 10-тина дена треба да имате убава пченична трева. Постапката за засадување на пченична трева на овој начин погледнете ја на следното видео.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This