(Видео) Пaднa кaкo „пyпyнeц“: Шeфицaтa нa Дaнcкaтa aгeнциja зa лekoви ce онecвecти cpeде пpecкoнфepeнција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на Данската агенција за лекови Тања Ерихсен се онесвести на прес-конференцијата на која ја соопшти одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „АстраЗенека“ во имунизацијата на населението.

Таа ги брифираше новинарите за новиот развој на настаните, кога наеднаш колабираше без предупредување. Тројца мажи притрчаа да ѝ помогнат, по што беше превезена во болница од претпазливост. Данските медиуми информираа дека Ерихсен е добро.

Данска вчера стана прва европска земја која објави дека веќе нема да ја дава ковид вакцината на „АстраЗенека“, откако таа беше поврзана со појава на тромбоза. Во Данска се забележани два вакви случаи, при што една 60-годишна жена починала.

Голем број држави ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возрасна група и препорачаа да се дава на лицата над 55-60 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This