(Видео) Пaндeмиjaтa „yдpи“ и вpз бpaчнитe двojки: Пoмaлкy cклyчeни бpaкoви, пoвeќe paзвoди вo 2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата со Ковид-19 и мерките за заштита, како што се чини имаа влијание и врз браковите и разводите. Според податоците на Министерството за правда, има пад на бројот на склучени бракови. Во 2020 година се склучени само 9.200 брака, додека во 2019-тата – 13.814.

Од друга страна пак, има значителен пораст на бројот на разводи во Северна Македонија. Во 2020 година регистрирани се 2.284 разводи, што е раст од 14.7% споредбено со 2019.

Психологот Ваља Адили, вели дека во последно време разводите станале зачестена појава.

„Јас мислам дека за разводот треба да се говори на друг начин, можеби треба да се говори како начин на живот. Дојде време кога разводот не треба да се гледа како брачна патологија туку треба да се гледа од аспект – дали навистина е толку важен бракот?! Толку многу работи се сменија, зошто да не се промени и бракот? Многу нешта веќе не се исти, добија друга форма…“, истакна Ваља Адили.

Но, во Кичево состојбата е поинаква. Во 2020 година има намалување на бројот на разводите. Од Центарот за социјални работи, велат дека како резултат на Ковид-19, печалбарите не можеле да дојдат за да ги довршат процедурите, па затоа разводите останале да висат…

„Во 2020 година, преку Судот  во Кичево, до Центарот за социјални работи има пристигнато 46 барања за развод и старателство на деца. Овој број е понизок во споредба со 2019-тата, кога имавме евидентирано 68 случаи на развод. Намалувањето на бројот на разводи е резултат на пандемијата Ковид-19, која сѐ уште е присутна. Нашите печалбари не можеа да дојдат во родното место за да ги довршат нивните процедури“, велат од Центарот за социјални работи Кичево.

Од Центарот за социјални работи-Кичево велат дека само во првите 6 недели годинава се поднесени 9 барања за развод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This