(Видео) ПAНИКАТА Е ОЧИГЛЕДНА: СДСМ и Заев за партиски цели предизборно ги полнат државните енергетски компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и Зоран Заев во пaника од поpазот, во очи на избори бeсрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е чиста партизација, ова е чист нeпотизам во изборни цели на власта во заминување. Ова не е прв случај на полнење на АД ЕЛЕМ, на полнење на РЕК Битола, или на АД МЕПСО, полнење на државните енергетски компании во овој предизборен период. ЕЛЕМ како дел од државните компании каде платите се неколкукратно повисоки од просечната постојано периодов е цел на полнење со луѓе од партиските тефтери на СДСМ.

Потсетуваме дека на 8 дена пред техничка влада ЕЛЕМ распиша оглас за вработување нови 30 лица. Претходно имаше оглас за 200 лица во РЕК Битола, а за во МЕПСО наводно беа потребни 63 лица. Не вработуваа инженери или други стручни лица потребни за работа на ова претпријатијата, туку разни советници, книговодители, раководители. Каква е намерата за итност за вакви вработувања пред избори, ако не е полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.

СДСМ и Заев се во паника. Ваквото однесување на СДСМ, на Заев, на власта во заминување фрла сериозен сомнеж, но и го доведува во прашање амбиентот на изборниот процес.

СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминали, на 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This