(Видео) Пaнoвcки -тестот е пpeмногу oceтлив: Повеќе од 50 проценти од тестовите за кopoна се лaжно пoзитивни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска научна бомба сподели еден од најголемите експерти во Македонија, професор доктор Никола Пановски говорејќи за точноста на тестовите за коронавирус во Македонија и светот во вчерашното издание на „Тешки муабети“ . Тој истакна дека тестот може да погреши и даде лажно позитивен наод  дури и во 70 проценти од случаите, поради тоа што е премногу осетлив. За Пановски голем проблем е што тестот за корона нема златен стандард.

-Тестот може да погреши, ако е спуштен вирусот во долниот дел, но најчесто покажува тестот мртов вирус, делови од вирус. Теоретски можете да влезете во лифт или тоалет каде што лебди вирусот, меѓутоа не во тој бројда ви предизвика да го вдишете и тој да остане тука и тоа се вика контаминација. Кога ќе се земе брис да покаже траги на вирусот и да биде тестот позитивен. Друго има да вирусот остане во носот се размножува тука, меѓутоа не е инфекција, само локално го држи два три дена, тоа се вика колонизација. Тоа се тие две работи, инфекција и заразна болест. Сето ова заедно се пишува дека е заболен, па сега викаат дека се позитивни или конфирмирани, докажани случаи, ништо од тоа не е баш така. Проблем со тестот е тоа што нема златен стандард, значи секој тест мора да има златен стандард, односно некој друг тест кој тешко се прави. На пример тест за бременост, што е златен стандард, тест за бременост е златен стандард дали е жената трудна, направила тест покажало позитивно и сега следиме дали навистина е трудна. Поубав тест нема, колку пати ќе промаше, колку не. За овој тест рекле дека е толку добар што самиот по себе е златен стандард. Златен стандард по мене би било да секој човек се култивира вирусот и ако порасне жив бирус во култура на клетки тогаш да се каже дека овој тест е тој валиден. Тестов кога би се контролирал со култура на клетки, најмалку половина или 70 проценти од овие што ги конфирмираме ќе бидат лажно позитивни. Значи тој е многу осетлив тест, вели Пановски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This