(Видео) Пeттe хeликoптepи пoчнaa co гacнeњe, нo Ангелов нe cмee дa пpeнecyвa вo живo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет хеликоптери веќе го гаснат пожарот во пехчевско. Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер, соопшти директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук.

Утринава беше испратен само еден со цел да направи извидување на состојбата, а како што напиша на Фејсбук Ангелов, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.

– Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, напиша на Фејсбук Стојанче Ангелов.

Токму пожарот на Пехчево во овој момент е еден од најсериозните.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This