(Видео) Пoлитичapи фaтeни на дeлo: Зјапање во телефон за време на седница?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигурно и вие во одреден момент чепкате низ телефонот за време на здодевен деловен состанок, а истото важи и за политичарите.

Сепак, бидејќи станува збор за луѓе чија плата ја обезбедуваат даночните обврзници, сепак треба да бидат повнимателни и да ја контролираат употребата на мобилни телефони за време на важни дискусии.

Во Белгија, политичарите станаа мета на софтвер за вештачка интелигенција кој може да идентификува кои државни службеници зјапаат во мобилните, наместо во работата за време на седници.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

Дигиталниот уметник Dries Depoorter создаде софтвер наречен Flemish Scrollers, кој користи препознавање лице за автоматско препознавање на оние кои гледаат мобилните телефони за време на парламентарна седница. Софтверот е збогатен со систем што прави списоци со имиња и презимиња.

Проектот се роди околу две години откако политичарот Жан Жамбон предизвика бурна реакција во јавноста затоа што играше Angry Birds за време на важна расправа во Парламентот. ВИ софтверот на Dries Depoorter ги следи преносите во живо и споредува колку време политичарите поминуваат гледајќи во мобилните телефони. Резултатите потоа се објавуваат јавно во форма на кратки видеа на Instagram профилот @TheFlemishScrollers и на Twitter профилот @FlemishScroller, пишува Mashable.

Видео може да погледнете ТУКА.

За помалку од 24 часа од лансирањето на ВИ софтверот Flemish Scrollers, програмата веќе идентификуваше четворица политичари кои беа преокупирани со своите мобилни телефони за време на седницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This