(Видео) Пoлицаец од Њу Џерси спaсил еднoмесечно бебе фрлeнo од бaлкoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицаец од Њу Џерси фатил едномесечно бебе кое паднало од балкон на втор спрат.

Полицијата одговорила на повиците дека има дете во опасност, откако маж се заканувал дека ќе го фрли бебето, рече градоначалникот Стивен Фулоп во објавата на Инстаграм.

Полициските службеници се обиделе да го спречат, но човекот сепак го фрлил едномесечно бебе од вториот кат од зградата, вели градоначалникот.

Полицаецот Едуардо Матуте бил човекот кој херојски ги фатил бебето, кое за среќа не било физички повредено, објави обвинителството на округот Хадсон, пренесува Си -Ен -Ен.

Обвинителството, исто така, ги пофали полицаецот Жозеф Кејси и командантот Мајкл Меккери за нивните „акции и храброста“ во одговорот на инцидентот.

Човекот е уапсен и истрагата е во тек. Бебето било пренесено во локалната болница како мерка на претпазливост, а подоцна било пуштено, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This