March 28, 2024, 10:10 am

(Видео) Пoлициcкa бpyтaлнocт вo Мостар: Teпaa мoмчe зaтoa штo пpeкpшилo eпидeмиoлoшки мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Мостар, двајца полицајци минатиот викенд претепаа младо момче, кое рече дека само ги прекршил пропишаните епидемиолошки мерки.

Младиот човек, заедно со снимка од настанот, напишал дека полициските службеници го однеле во станица откако го претепале пред влезот во зградата во која живее, по што го ослободиле со прекршочна потерница за кршење на полицискиот час, пренесува порталот pogled.bа.

Како што се наведува, младиот човек се разболел во текот на ноќта и бил примен во болницата, каде му биле констатирани повредите, пренесува „Српскаинфо“.

Видеото, кое беше објавено на социјалните мрежи, предизвика бурни реакции од граѓаните кои го осудија овој чин на полицијата.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Херцеговина-Неретва се огласи пополициското насилство што се случи во Мостар.

– Министерството за внатрешни работи на ХНК најостро го осудува бруталниот напад на полицајците што се случи на 10 април во 23.03 часот, за кој нема оправдување. Ова е класичен пример за пречекорување на овластувањата и полицискиот кодекс, за што длабоко се извинуваме на целата јавност, а особено на младиот човек кој беше претепан – се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ХНК.

Двајцата полицајци веднаш беа отстранети од должноста, започнат е внатрешен увид во кој ќе бидат испитани сите аспекти на ваквото однесување, а ќе се утврди и постоењето на елементи на кривична одговорност на полициските службеници.

Ваквото однесување и таквите лица не можат и не смеат да имаат место меѓу полициските службеници, се наведува во информацијата за јавноста, пренесува pogled.ba.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This