(Видео) Пpивeдeни cинoвитe на Сашо и Влатко Мијалкови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cиновите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а, според нашите извори, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

Претепаното момче 30 минути по полноќ пријавило дека околу 21.45 часот во Харт бар бил нападнат од Жарко Кртолица, Алекс Мијалков, Матеј Казаков, Филип Мијалков, Стефан Ристов и Илија Саздовски кои го удирале со боксови по главата и телото, дознава „Слободен печат“.

Ќотекот продолжил надвор пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помош му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

– На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата за „Слободен печат“.

На социјалните мрежи се појави видео од тепачка во Скопје за која се тврди дека е поврзана со приведувањето на двајца синови на Сашо и Влатко Мијалков, пренесува Експрес.

Во видеото се гледа како се удира едно момче кое е легнато а потоа и брканица по други луѓе.

Видео од тепачка во центарот на Скопје, засега нема потврда дека е поврзано со тепачката поради која се приведени синовите на Сашо Мијалков.

Posted by Expres.mk on Saturday, March 27, 2021

Извор: Слободен Печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This