(Видео) Пpитиcoци, зakaни, yцeни: Активисти на СДСМ од Василево се зakaнyваат кoн пpимaтeли нa coциjaлнa пoмoш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видео кое пристигна до редакцијата на Радио Лидер сведочи за закани кои активисти на владејачката СДСМ ги упатуваат кон неколку лица – приматели на социјална помош.

Активистите на СДСМ во пресрет на вториот круг од Локалните избори, за кои и самиот премиер и лидер на партијата Зоран Заев рече дека одат „all-in“ односно на се или ништо, не ги бираат средствата кои ги користат со цел да извршат притисоци и уцени кон гласачите. На ова видео, според информациите до кои дојде редакцијата на Лидер, не станува збор за социјални работници, туку за активисти на СДСМ кои на граѓаните им се закануваат дека нивната социјална помош ќе биде укината, на само една седмица од изборите.

Се работи за лицата членови и активисти на СДСМ: Александра Мадевска – вработена во затворот во Струмица, Неџат Меминов – советник од СДСМ во претходниот состав, како и Павлинка Николова и Симона Стојанова – двете вработени во општина Василево.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This