(Видео) Пpeдизвика мега ckaндал: Еден од генepaлите кои пpeдупредуваа за гpaѓанска вojна повторно ја „зaпaли“ Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската влада се закани дека ќе ги казни активните војници кои го потпишале отвореното писмо на 25 пензионирани генерали со кое се предупредува претседателот Емануел Макрон дека земјата оди кон „граѓанска војна“

Се верува дека меѓу потпишаните на писмото се бројни активни припадници на одбранбените сили. Писмото беше објавено минатата недела во десничарскиот магазин „Актуелни вредности“ и во него се предупредува дека „лабавите“ политики ќе доведат до хаос поради кој ќе биде неопходна „интервенција на нашите другари на активна должност во опасни мисии за заштита на нашите цивилизациски вредности“.
„Крајно време е, Франција е во опасност“, напишаа пензионираните генерали, додавајќи дека неуспехот да се делува против „приградските орди“- се алудира на жителите на мнозински мигрантските населби околу француските градови- и други неименувани групи кои „ја презираат нашата земја“ ќе доведе до „граѓанска војна“ и смрт „на илјадници“.

Објавувањето на писмото се случува во пресрет на претседателските избори следната година на кои, очекувањата се дека повторно ќе се судрат Макрон и десничарската лидерка Марин Ле Пен. Анкетите покажуваат дека безбедноста и борбата против тероризмот се меѓу приоритетите за многу Французи.

Ле Пен го поздрави писмото и ги покани пензионираните генерали да и се приклучат во кампањата.

Во петокот, на 18 јуни 2021 година, францускиот генерал Делавард како еден потписниците на писмото во кое се предвидува граѓанска војна во Франција беше поканет на телевизискиот канал CNEWS. На телевизијата во живо, генералот рече дека медиумите не се слободни, дека се манипулирани од елита. Соочувајќи се со него, Клод Постернак кој има еврејско потекло го прашал „која е оваа елита“. И генералот одговори „Оваа заедница што добро ја познаваш“.

ТВ-презентерот потоа нареди „Да застанеме тука, угасни го, отстрани го генералот“, ставајќи крај на емисијата.

Неколку минути подоцна, неколку еврејски здруженија во Франција, објавија дека побарале од Обвинителот да постапи. Здруженијата исто така објавија дека побарале од министерот за одбрана да го казни генералот.

Еврејските невладини организации бараат да се казни генералот мобилизирајќи ја владата, новинарите и обвинителството против него.

Целото видео, но без превод можете да го погледнете подолу:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This