(Видео) Пpeнџoв зa Jaнyшeв: Го познавам повеќе од 25 години, никогаш не би гo пpeкpшил зakoнoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов во денешната изјава во Собранието истакна дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е чист како солза. Пренџов потенцираше дека ова е водење на една кадрова политика од страна на СДСМ преку јавното обвинителство, и дека тука не е само Игор Јанушев.

– Сметам дека набавката во која што бил директно или индиректно вклучен колегата Игор Јанушев е чиста како солза, како што кажа и тој вчера. Оне кое што можеме да го видиме во изминатиот период е водење на една кадрова политика од страна на СДСМ преку јавното обвинителство, и тука не е само Игор Јанушев, тука се многу други луѓе. Во јавноста веќе излегуваат информации од пишани пораки како се нарачувани и како се медиумски распнувани определени политичари во Република Македонија, се разбира од опозицијата, и јас лично би го поддржал колегата Јанушев да продолжи да се бори во рамките на ова Собрание, затоа што доколку било што таму имаше, тие имаа рок од 5 години, очигледно е дека тактизираат, и очигледно е дека како СДСМ е дојдена на власт, од 2017 г. до ден денеска. Ние само зборуваме за политички прогон, за кој ќе биде опозиција, кој не може да биде опозиција, судски процеси, кога им одговара тогаш тие процеси влегуваат во обвинителство и во судство, кога не им одговара заташкуваат , така што јас не верувам дека колегата Игор Јанушев напрабил било што, бидејќи го познавам повеќе од 25 години и сум убеден дека не направил било што да го прекрши законот во Република Македонија. – потенцираше Пpенџов.

– За тоа сепак, ќе мора да зборува господинот Игор Јанушев, претпоставувам дека има образложение бидејќи истиот анкетен лист тој го пријавил уредно во антикорупциска комисија, онаму каде што треба, сепак тој ќе треба тоа да го каже. Јас, да, го познавам многу долго време. Ние сме од ист град ние сме генерација, но се разбира во финансирањето дома јас не можам да знам колку и како заработувал, дали имал дополнителни приходи тој и семејството, сепак тоа се лични и интимни работи.Затоа сепак, ќе мора да зборува господинот Игор Јанушев, претпоставувам дека има образложение бидејќи истиот анкетен лист тој го пријавил уредно во антикорупциска комисија, онаму каде што треба, сепак тој ќе треба тоа да го каже. Јас, да, го познавам многу долго време. Ние сме од ист град ние сме генерација, но се разбира во финансирањето дома јас не можам да знам колку и како заработувал, дали имал дополнителни приходи тој и семејството, сепак тоа се лични и интимни работи. – додаде Пренџов.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This