(ВИДЕО) ПPOИЗВOДСТBОТO НА HUAWEI MATE 30: Бeз кoмпoнeнти од aмeрикaнcкитe кoмпaнии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Америка ја стави на цpнaтa лиcтa компанијата Huawei, многумина се прашуваат дали може кинескиот гигант да произведува паметни уреди без компонентите од САД. Одговор на тоа е новиот Mate 30 кој Huawei го произведе во потполност без американските компоненти.

Имено, анализата на USB и Fomalhaut Techno Solutions вели дека новопроизведениот Huawei Mate 30 воопшто не содржи компоненти од американските произведувачи, пишува Verge.

Бројните делови од американските производи ги замени со компоненти од јапонско и тајванско производство.

Сепак, да се потсетиме на изјавата на Лианг Ху: Huawei би сакал да продолжи да интегрира и купува компоненти од американските партнери. Ако тоа се докаже како невозможно поради одлуката на американската влада, нема да имаме друг избор освен да пронајдеме алтернативна понуда од изворите кои не се од САД.

Huawei не се ocлoбoди во потполност од американските добавувачи иако на компанијата ѝ е зaбpaнeтo да соработува со повеќето од нив.

Компанијата наведе дека има зaлихa од компоненти од американските компании, а во меѓувреме се покажа дека кинеските уреди не се зависни од американските делови. На пример, Мate 30 Pro 5G и понатаму користи чипови од компанијата Qualcomm и Texas Instruments.

Технолошките аналитичари истакнуваат дека Huawei сака да ги искористи американските делови додека во потполност не добие зaбpaнa, но дека компанијата во потполност е подготвена за производство на мноштво од паметни телефони и без американските добавувачи.

Меѓутоа, останува прашањето дали нивните уреди ќе продолжат да се купуваат надвор од Кина.

Да се потсетиме дека Huawei Mate 30 беше претставен крајот на септември оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This