(Видео) Пpoтeкoa cнимки oд нaпaдoт во Франција кaдe живoтoт гo изгy6иja 3 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

3 лица ги загубија своите животи во Франција, во напад кој беше оценет како терористички. Странските медиуми јавуваат дека две од лицата биле обезглавени. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози потврди дека осомничениот сторител е приведен и ѝ се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

Естрози пред новинарите изјави дека осомничениот за нападот извикувал „Алаху Акбар“ (Бог е најголем) дури и откако бил уапсен од полицијата, пренесува новинската агенција Ројтерс. Француските обвинители за борба против тероризмот започнаа истраги за убиствата. Естроз рече дека еден од мртвите бил чувар во базиликата. Францускиот министер за внатрешни работи Гералд Дарманин апелираше до луѓето да го избегнуваат центарот на градот. Тој рече дека ќе организира кризен состанок во рамките на неговото министерство во Париз.

Според француските извештаи, жена и маж починале како резултат на нападот, додека осомничениот бил приведен 10 минути подоцна, пред да биде пренесен во болница. Едноминутно молчење се одржа во Националното собрание, каде премиерот Жан Кастекс даде детали за новите мерки за изолација, кои стапуваат на сила во четвртокот вечерта.

„Секако дека ова е сериозен предизвик што ја погодува нашата држава“, рече тој, повикувајќи на единство и кохезија. Ница беше мета на еден од најкрвавите напади во последните неколку години, во кој на 14 јули 2016 година, 31-годишник од Тунис влегол во толпа луѓе со камион, оставајќи мртви 86 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This