April 20, 2024, 12:58 pm

(Видео) Пyтин – „Мy нeмa paмeн вo cвeтoт“: Русија гo тecтиpaшe ѕвepoт „Циpкoн“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија соопшти дека успешно ја тестирала хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, ѕвер од новата генерација на оружје за кој претседателот Владимир Путин вели дека му нема рамен на светот.

Министерството за одбрана објави дека проектилот бил испукан од фрегатата „Адмирал Горчков“, воен брод стациониран во Белото Море, и дека летал со брзина седум пати поголема од звукот и погодил цел оддалечена 350 километри од брегот на Баренцово Море.

„Тактичките и техничките карактеристики на Циркон се потврдени со ова тестирање“, соопшти и руското министерство.

Видео може да погледнете ТУКА.

Некои западни експерти се прашуваат колку е навистина напредна новата генерација на руско оружје, но признаваат дека овие хиперсонични ракети се тешки за следење и пресретнување поради нивната комбинација на брзина, маневрирање и висина.

Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем „Циркон“.

Видео може да погледнете ТУКА.

Заканите на Путин

Reuters потсетува дека уште во 2018 година, Путин најави низа нови хиперсонични оружја во еден од неговите највоинствени говори, а потоа рече дека ова оружје може да достигне скоро на кое било место во светот и да го избегне антиракетниот систем на САД.

Следната година, Путин се закани дека ќе распореди хиперсонични ракети на бродови и подморници кои би можеле да бидат подготвени надвор од територијалните води на САД и да дејствуваат доколку САД распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.

Вашингтон не распореди такво оружје во Европа, но Москва стравува дека тоа може да се случи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This