(Видео) РАБОТЕЛЕ ВО ИСТИОТ НОЌЕН КЛУБ: Убиениот Афроамериканец и полицаецот кој го убил се познавале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Афроамериканецот Џорџ Флојд , чија смрт поттикна насилни протести низ САД и Дерек Човин, полицаецот уапсен за убиството на Флојд, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис.

Ова за американските медиуми го потврди поранешниот сопственик на клубот, велејќи дека двајцата работеле заедно цела година и дека постои можност нивните смени да се преклопувале. Тоа е клубот ,,Ел Нуево Родео” во сопственост на Маја Сантамарија. Сопственичката не сакала да потврди дека Флојд и Човин се познаваат, но рече дека постоела можност.

Човин работел во клубот како обезбедување додека бил хонирарен полициски службеник скоро 18 години, додека Флојд работел таму скоро една година, изјавила Сантамарија за АБЦ5. Тој исто така работел како дел од обезбедувањето на ноќниот клуб.

Сепак, Сантамарија истакнува дека не е сигурна дали тие се познавале бидејќи Човин работел надвор од просториите на клубот, додека чуварите на безбедноста како Флојд работеле внатре, но таа потврди дека и двајцата работеле за Ел Нуево Родео во текот на цела 2019 година.

„Ако се сретнале, веројатно не се сетиле. Делумно затоа што десетици луѓе често работеа во обезбедувањето, особено кога имаше поголеми концерти“, рече Сантамарија.

„Човин понекогаш беше избувлив“, рече Сантамарија за АБЦ5, додавајќи:

„Тој изгледаше исплашено кога имаше кавги и проблеми. Секогаш се справуваше со такви работи со солзавец, дури и кога тоа не беше потребно“, додаде таа.

Полицијата денеска објави и нови снимки од бруталното убиство , поради што трет ден во САД се одржуваат масовни и насилни протести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This