Актерот Раде Шербеџија е жртва на измама преку Фејсбук, објави лично тој преку видео на неговата официјална страница на оваа социјална мрежа.
-Драги мои, се чини дека некој направил лажен профил, многу сличен на мојот, со моето име и мои фотографии и ги информира луѓето дека се добитници на наградна игра или бара пари. Со такви работи јас не се занимавам. Но, деновиве неколку пријатели ми рекоа дека наводно добиле такви пораки од мене. Претпоставувам дека ова ќе заврши брзо затоа што го пријавив проблемот, но ве молам споделете го ова мое предупредување во меѓувреме за да некој можеби не им поверува на измамниците. Ви праќам видео поздрав од Измир – рече Шербеџија.