(Видео) Ретвитни оброк во Кабинетот на Пендаровски: Претседателот со семејството подготвуваа храна за бeздомни и социјално зaгрозени лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ретвитни оброк” по третпат во Кабинетот на претседателот.

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска и членови на Кабинетот денеска подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк”.

Ова е трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк”, при што досега се подготвени 300 оброци. За денешната подготовка на топли оброци за првпат е обезбедена донација од намирници, а согласно претстојните Велигденски празници, менито вклучува посна храна.

Поздравувајќи ги досегашните активности на „Ретвитни оброк”, претседателот Пендаровски посочи дека споделување на грижа за најранливите категории на граѓани е особено важно во овој тежок период на пандемија, кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Сопругата на претседателот истакна дека е значајно одржувањето на континуитетот во заедничката активност, особено поради зголемената потреба од солидарни оброци предизвикана од здравствената и економска криза наметната од пандемијата, при што изрази надеж за поголема вклученост на што повеќе лица и донатори во оваа хуманитарна акција.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк” заедно со здружението „Вистински дела на љубезност” веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица. Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This